Макрон повикува на „стратешки дијалог“ со Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика нa сеопфатни разговори со Русија, пред самитот во Лондон по повод 70-годишнината на НАТО.

„Важно е да имаме стратешки дијалог со Русија“, рече Макрон денеска за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот, додавајќи дека алијансата треба да го стори тоа „со отворено очи“.

Претседателот Владимир Путин претходно навести дека Русија е отворена за соработка со НАТО за заеднички закани, вклучително и меѓународен тероризам, но се пожали дека обидите за создавање поблиски врски „практично биле ограничени“.

НАТО од своја страна ја критикуваше Русија, особено во врска со "растечката агресија во Украина и Грузија".

Трамп беше со помирувачки речник кон Макрон на нивната заедничка прес-конференција, откако ги критикуваше забелешките на францускиот лидер за „мозочната смрт“ на НАТО претходно во текот на денот. Соединетите држави и Франција споделија „многу добри вложувања“, рече Трамп.

Подготовките за дводневниот самит беа засенети од жестоката дебата во рамките на алијансата за трошењето во одбраната, политиките во врска со Сирија и спорот меѓу Франција и Турција.

Сепак Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг , твитна дека преговорите пред самитот претставувале „одличен почеток“. НАТО беше „најуспешната алијанса во историјата“, рече Столтенберг за Си-Ен-Ен пред собирот.