ВМРО-ДПМНЕ: Заев да престане со притисоци врз судската власт

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека премиерот Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после, како што наведуваат, поразот на предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста.

„За да се оствари тоа, Уставниот суд ќе создаде пракса, Пендаровски ќе реализира. Одлуката на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ“, соопштуваат од опозициската партија.

Од партијата го повикуваат Заев да престане со притисоци врз судската власт и порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е против и нема да поддржи амнестии и аболиции.