Заев-Марковиќ: Иднината на регионот е во ЕУ

Премиерот Зоран Заев со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ

На средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот црногорски колега Душко Марковиќ во Подгорица, како што соопшти владината прес-служба, биле потврдени одличните традиционални и пријателски односи помеѓу двете држави, без отворени прашања, што одат во нагорна линија. Според соопштението, заеднички било констатирано дека заокружувањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот.

Двајцата премиери, како што се наведува, заклучиле дека иднината на целиот регион е во Европската унија и оти таа стратешка цел нема алтернатива. На средбата било оценето дека проширувањето на ЕУ е неопходно да продолжи, бидејќи тоа е одржливата опција за мир, стабилност и перспективи на Балканот и на Европа.