Завршена потрагата по преживеани од земјотресот во Албанија

Оштетени згради по земјотресот во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој во средата ја погоди земјата загинале 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени. Тој информира и дека потрагата и спасувачките операции по преживеаните официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.

Според прелиминарните проценки, како што наведе Рама, околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени. Земјотресот беше со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала.