Напаѓачот во Лондон имал врски со Пакистан

Британски полицајци во близина на местото на нападот во Лондон

Британските власти соопштија дека напаѓачот кој со нож уби две лица во Лондон претходно бил во затвор врз основа на обвиненија тероризам и планирал да отвори терористички милитантен центар за тренинг во Пакистан.

Според властите, напаѓачот е 28 годишниот Усман Кан и информираа дека не се во потрага по други осомничени за случајот. Кан беше застрелан од полицијата откако уби еден маж и жена и повреди друг маж и две жени.