Заев во посета на Црна Гора

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска е во посета на Подгорица.

Предвидено е, како соопшти владината прес-служба, Заев да има билатерална средба со неговиот колега, црногорскиот премиер Душко Марковиќ. Заев ќе присуствува и на Конгресот на ДПС на Црна Гора, каде ќе има кусо обраќање.