Млади на чело на маршот на „Зелената револуција“

Зелена револуција протест против загадувањето во Скопје

„Сакам да дишам“,„Здравјето пред профитот“ и „Воздух за сите“ беа дел од паролите на протестот под име „Зелена револуција“ кој беше организиран од иницијативата „О2“. Десетина граѓански организации и стотици граѓани маршираа од министерството за животна средна преку Собрание до Влада во знак на револт за неисполнетите ветувањево справувањето со загадувањето. Тие бараат решавање на 12 жешки еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Кон тоа премногу сериозно прашање, укажаа, сите влади досега се однесуваат ноншалнтно.

„Несфатливо е одолговлекување на конкретни активности како носење на закони кои стојат готови и чекаат одлука, некои и по 5 години, како Законот за почви. Несфатливо е кочење на одредени активности заради нефункционалност на една или две алки во системот, несфатливо е неспроведување на актуелни закони од една или друга институција или причина. Несфатлива е вашата инертност кога се во прашање 3500 животи на ваши сограѓани секоја година и пораст на тешки канцерогени заболувања“се вели во најавата за протестот.

Демонстрантите велат дека се оградуваат од секакви политички влијанија, протестот треба да биде мирен и пред сè граѓански, и без партиски обележја.