Сопственикот на Дурмотурс пуштен од притвор со гаранција

Автобус на Дурмотурс излета на патот Скопје - Тетово.

Сопственикот на Дурмотурс, Дуримиш Белули кој е првообвинет за несреќата во која загинаа 16 луѓе е пуштен од притвор со гаранција. На почетокот на денешно судење, судијката го соопшти тоа и рече дека тој ќе се брани од слобода, при што му се определни мерки за претпазливост.

На Белули му е одземен пасошот, треба да се јавува во суд, не треба да контактира ниту со обвинетите ниту со оштетените и да не се занимава со транспорт.

Уште еден од обвинетите е пуштен од притвор, станува збор четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, кој работел во станицата за технички преглед.

Во автобуската несреќа која се случи на 13 февруари загинаа 16 луѓе. Обвинети за овој случај се шест луѓе.