Во Албанија ден на жалост и потрага по преживеани

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трка со времето во потрага по преживеани во Албанија

Спасувачките екипи ја продолжуваат борбата во излекувањето на евентуално преживеани под урнатините на зградите, урнати во најсилниот земјотрес што ја погоди Албанија во изминативе неколку децении. Во земјотресот загинаа над 20 луѓе, додека околу 600 се повредени.

Екипи на војници, полицајци и служби за итни случаи продолжуваат да се пробиваат низ остатоците од уништените станбени блокови и хотелите во градовите во близина на северозападниот дел на јадранското крајбрежје на Албанија, близу до епицентарот на земјотресот со сила од 6,4 степени.

Во Албанија тага и страв по силниот земјотрес

Повеќето од над дваесетте загинати биле пронајдени под урнатините во Драч и Тумане.

Околу 40 луѓе беа извлечени живи.

Нема индикации колку луѓе сè уште би можеле да бидат подурнатините.

Спасувачки екипи од соседните земји и од цела Европа веќе се во Албанија за да им помогнат на локалните власти.

Стравувајќи да се вратат дома по серијата силни земјотреси, стотици жители на Драч ноќта ја минаа во шатори поставени на градскиот фудбалски стадион.

Голем брпј жители во Драч и Тумане останаа без домови.

Кристина Марѓини, од Тумане вели:

„Земјотресот не остави без покрив над глвата. Сè е уништено, становите, прозорците, сè. Не можеме да живееме повеќе таму“.

Премиерот Еди Рама, најавувајќи дека средата ќе биде национален „ден на жалост“ рече:

„Ние изгубивме човечки животи, но исто така спасивме многу животи“.

Градовите и крајбрежјето во Албанија доживеаа брз развој во последните децении, при што била раширена нелегалната градба.

Потресите во Албанија биле почувствувани низ целиот Балкан.

Во Босна бил забележан и земјотрес со сила од 5,4 што ја погоди околината на Сараево.

Балканскиот полуостров лежи близу до поклопувањето на двете големи тектонски плочи - Африканската и Евроазиската и земјотресите се честа појава.

Најразорниот земјотрес го погоди македонскиот главен град Скопје, во јули 1963 година, при што загинаа околу илјада луѓе и беа уништени над 80 проценти од градот.