Дендиас се сретна со Пендаровски и со Заев

Претседателот Стево Пендаровски и министерот Никос Дендиас.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој е во посета на Македонија, денеска имаше одвоени средби и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. На средбата со Пендаровски биле разменети мислења за севкупните билатерални односи, за европските и евроатлантските перспективи на земјата, како и за состојбите во регионот, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот.

Пендаровски истакнал дека Преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи и соработка.

Премиерот Зоран Заев и грчкиот министер Никос Дендиас разговарале за поддршката која нашата земја ја добива од Грција на патот на евроатланските интеграции и за развојот на трговските врски инвестиции. Дендиас рекол дека по барање на премиерот Корјакос Мицотакис во следниот период ќе ја интензивира својата лоби агенда во европските центри на моќ, во кој ќе бара начин како Северна Македонија што е можно побрзо да го почне процесот на преговори со Европската унија.