Во Москва протест против домашното насилство

илустрација

Руската група за заштита на правата на жените Сотсфем Алтернатива соопшти дека добила дозвола да одржи протест во центарот на Москва за да го одбележи денешниот Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. Властите дозволиле собирање на над 200 луѓе во времетраење од три часа. Русија е единствената земја во Советот на Европа која нема закон за кривично гонење на домашното насилство.