Почнува бесплатно вакцинирање против грип

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип, со кое се опфатени лица на возраст над 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни, почнува денеска во центрите за јавно здравје во две смени, како и во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир, во периодот од 14 до 18 часот. Бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје-Скопје ќе се одвива и во сабота од 7 до 14 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Мајлон Абот“, а 1.000 вакцини од „Санофи“.

За оваа сезона се набавени 28.000 вакцини од кои 27.000 се за возрасни, а 1.000 се за деца. Секој кој сака да прими вакцина против грип и е опфатен во една од претходно наведените групи треба да закаже преглед преку системот „МојТермин“ кај матичниот лекар.

Дополнително се набавени уште 20.000 вакцини во рамките на центрите за јавно здравје, каде што кој било граѓанин може да ја купи вакцината и да биде вакциниран.