ДСЗИ: Од 16 јули до 13 ноември Бојан Јовановски бил прегледан 25 пати

Обвинетиот Бојан Јовановски во случајот Рекет, за четири месеци имал 25 лекарски прегледи, увидел Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ)кој вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје. Надзорот, како што посочуваат од ДСЗИ следел по објавените информации од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба.

Од извршениот увид во медицинската документација, се гледа дека Јовановски првпат побарал лекарска помош на 16 јули, при што е прегледан и му е дадена терапија. Од тогаш до 13 ноември му се направени вкупно 25 прегледи, при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциерно ниво (болнички здравствени установи), информираат од ДСЗИ.

Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ, стои во соопштението.