Европската народна партија (ЕПП) донесе резолуција синоќа на конгрес во Загреб за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа.
Документот, предложен од Хрватската демократска заедница, ги повикува европските институции и земјите-членки да ги почнат преговорите за пристапување со Скопје и Тирана што е можно поскоро.
Резолуцијата, исто така, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, така што тие земји ќе ги исполнат критериумите за влез во Унијата што е можно поскоро.