Мицкоски: ЕУ е стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на конгресот на Европската народна партија (ЕНП) во Загреб, изјави дека членството на Македонија во Европската унија е од стратешки интерес за земјата и клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на полето на владеењето на правото, висок степен на корупција во највисоките ешалони на власта, како и со неказнивост при сучаите на висока корупција на правосудниот систем, се вели во соопштението.

Мицкоски исто така вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи на правосудниот систем. Тој во рамките на конгресот остварил средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.