Поранешниот началник во УБК Грујевски повторно доби година ипол затвор за Тврдина 2

Архивска фотографија - Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1

Казна затвор од една ипол година доби поранешниот началник во УБК Горан Грујевски за случајот „Тврдина 2“ во повтореното судење. Основниот кривичен суд во Скопје денеска му ја изрече казната во негово отсуство, оти тој се наоѓа во бегство во Грција.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување документи поврзани со прислушувањето.

Изречената казна е иста како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече, а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење, бидејќи не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

Грујевски побегна од земјата пред две години во Грција.