Неприсуството на Протуѓер го одложи судењето за „Титаник“

Архивска фотграфија - Судење за случајот „Титаник“

Се одложи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“, поради отсуство на обвинетиот Мартин Протуѓер. Следното рочиште треба да се одржи на 26 април.

Судијата Осман Шабани, кој го води случајот, рече дека Протуѓер не го известил судот до почеток на денешното рочиште за своето отсуство. За следната расправа, судијата, даде наредба за полициско спроведување на Протуѓер.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.