Премиерот Зоран Заев вели дека француското вето на Самитот во ЕУ го уништило лично, психолошки. Тој во интервју за „Њујорк тајмс“ изразува загриженост не само за себе и земјата, туку и за стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.
Заев вели дека по одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ се одлучил на вонредни избори, оти, како што вели, ако нема избори, национализмот ќе расте. Преплашен сум, вели Заев во интервјуто.