Заев: притворот не треба да биде казна

Средба на премиерот Зоран Заев со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јоурова во Скопје.

„Не ја знам одлуката на судот, но останувам конзистентен на своите политики дека притворот не треба да биде казна без разлика дали се работи за Катица Јанева, за Никола Груевски или за кој било во општеството, изјави премиерот Зоран Заев за Македонската телевизија. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката за определување куќен притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Заев рече дека притворите од 60, 90, 100, 200 или 300 дена се казна. Тој додаде дека верува во ефикасни судски процеси каде што ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. Според него, потребно е да има одлука без разлика каква и да е.