Русковска најави финансиска истрага за судиите што ја пуштиле Јанева во домашен притвор

Обвинителката Вилма Русковска

Обвинителката Вилма Русковска од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција најави дека ќе биде спроведена финансиска истрага за судиите кои ја пуштиле Катица Јанева во домашен притвор, пренесе порталот „А1Он“.

„Решението за Јанева не сме го добиле. Ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе спроведеме финасиска истрага. Со вакви судии нема во ЕУ“, изјавила Русковска.

Катица Јанева вечерва беше спроведена од затворот Шутка во домашен притвор. При спроведувањето, таа не го покажа лицето и не одговараше на новинарските прашања. Претходно скопска Апелација ѝ ја усвои жалбата на Јанева и донесе одлука за куќен притвор со мерки на претпазливост, со образложение дека лекарската документација покажувала дека Јанева ќе биде достапна и во куќен притвор.