Мицкоски: Ме советуваа ние да не правиме ветинг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека тој во ветингот на судиите не гледа решавање на проблемите во македоснкото судство.

„Јас нема реторички да го третирам зборот ветинг затоа што ми делува симпатично, туку ќе навлезам во суштината на зборот ветинг. Искуството вели дека тие кои што го примениле овој процес на ветинг, еве конкретно во случајот ако го земеме искуството од нашиот западен сосед, дека не поминале успешно“, рече Мицкоски на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање за најавите од СДСМ за ветинг.

Тој додаде дека врз основа на информацијата што тој ја имал, високи претставници на ЕУ не биле среќни со процесот на ветинг во Албанија.

„Дури препорачуваа во минатото на состаноците со мене, тој процес на ветинг воопшто и да не го применуваме ние овдека во Македонија. Затоа и вчера бев изненаден од изјавата на претставникот на меѓународната заедница кој што беше овдека и кој што го поддржа“, рече Мицкоски.