Апелација одлучи: Катица Јанева оди во куќен притвор

Катица Јанева на распит за „Рекет“ во Јавно обвинителство

Апелациски суд Скопје попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и ѝ одреди мерка куќен притвор, пренесе МИА.

„Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост. Лекарската документација укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева“, изјавиле од Апелацискиот суд за МИА.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.