Дукоски бара Бојан Јовановски да биде хоспитализиран, оти е сериозно болен и досега 30 пати бил на лекар

Адвокатот Сашко Дукоски

Адвокатот Сашко Дукоски, бранител на обвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, Боки -13, вели дека неговиот клиент, има неколку сериозни болести. Тој бара неговиот клиент да биде хоспитализиран и да биде лекуван. Адвокатот вели дека Јовановски има проблеми со желудникот, му откажал едниот бубрег, за што цитираше и медицински документи, а терапијата што му била препишана не му ја давале три недели, имало проблеми со термини за прегледи, а на една од клиниките рекле дека нема место да го хоспитализираат. Дукоски вели дека Јовановски е речиси 120 дена во притвор, а за тоа време 30 пати бил на лекар.

Дуковски вели дека неговиот клиент не може самостојно да се движи, мокри крв и му треба помош да оди по голема нужда. Адвокатот на прес-конференција праша дали за сите граѓани важи Уставот, и како може сите да се еднаква, кога на неговиот клиент не може да му се пружи медицинска услуга.

„Не е инквизиција, не е виновен судот, ниту затворската служба, ова не е 15 век, туку модерна постапка во 21 век“, рече Дуковски.

Тој вели дека Јовановски секојдневно трпи омаловажување во врска со сексуалната определба.

Тој вели дека не може да градат одбрана со Јовановски, оти на секое видување зборуваат само за неговата здравствена состојба, поради што и сакал да откаже полномошно.