Аврамопулос: Продолжете кон остварување на членството во ЕУ

Македонско знаме и знамето на ЕУ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше билатерална средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции на Европската комисија, Димитрис Аврамопулос кој утре ќе учествува и во работниот дел од Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од регионот.

На средбата со еврокомесарот Аврамопулос, министерот Спасовски, меѓу другото, ги нотираше активностите на Владата за придвижување на европската агенда на земјата.

Иако недобивањето на датум за преговори за членство во ЕУ на последниот Европски Совет, објективно претставуваше големо разочарување, сепак од страна на еврокомесарот Аврамопулос уште еднаш беше изразена силната поддршка и охрабрување да продолжиме кон остварување на полноправно членство на Република Македонија во ЕУ.