Еврокомесарката Јоурова се сретна со Дескоска и со Димитров

Mинистерката за правда Рената Дескоска на денешната средба со еврокомесарката Вера Јоурова.

Недобивањето датум за преговори, не го запре процесот на реформи, кој пред се се одвива поради интересот на граѓаните, рекла министерката за правда Рената Дескоска на денешната средба со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост Вера Јоурова.

Од Министерството за правда, пренесуваат дека на средбата Дескоска изразила жалење за недонесувањето одлука за отворање на преговорите. Министерката за правда, како што се наведува во соопштението, искажала очекување дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука за отворање на преговорите.

И на средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров со еврокомесарката и било пренесено разочарувањето од Самитот на ЕУ во октомври. Како што соопшти МНР, тие разговарале за домашните случувања, како и за очекувањата и следните чекори поврзани со ЕУ агендата, стои во соопштението.

„Испорачаното досега од земјава e за почит и тоа треба соодветно да биде валоризирано од страна на ЕУ што е можно поскоро, истакнала Јоурова на денешната средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Еврокомесарката Јоурова престојува во земјава по повод Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското претседателство со ЕУ, што се одржува денеска и утре во Скопје.