Еден од четворицата повредени работници во несреќата што се случи изутрина во фабриката „Макстил“ во Скопје е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ и е во стабилна состојба, а другите тројца се пуштени на домашно лекување. Од истекување течен метал во челичаната избувнал пожар, кој е изгаснат, а на терен постапува Државниот трудов инспекторат, информираа надлежните институции.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари со четири возила од Единицата за противпожарна заштита на град Скопје.