Вучиќ примен во болница, состојбата му е стабилна

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ поради кардиоваскуларни проблеми е примен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот.

Тој во болницата бил примен вчера попладне.

Според потврдата на неговата советничка, Сузана Васиљевиќ, неговата здравствена состојба е стабилна и поради мерки на претпазливост тој се уште се наоѓа на ВМА.

Засега не се знае кога ќе биде пуштен дома и тоа ќе зависи од проценка на лекарите, изјавија од неговиот Кабинет.