ЕУ со критика до Турција за повторното приведување на новинар

Архивска фотографија од Ахмет Алтан и неговиот брат

Европската унија остро ја критикува Турција откако денеска е приведен повторно угледниот новинар и автор Ахмет Алтан кој пред осум дена беше ослободен од притвор каде што беше задржан претходно поради обвинение поврзано со тероризам. Во соопштението од Советот на ЕУ е наведено дека недостатокот на веродостојни основи за повторно апсење ба Ахмет Алтан го оштетува кредибилитетот на судството во Турција поради високо ниво на политичко влијание.

„ Ова мешање мора да запре“, се вели во соопштението.

Алтан и Назли Иличак, и двајцата добропознати новинари првично беа осудени на доживотен затвор за помагање на терористичка организација, но на 4 ноември годинава неа ослободени при повторената судска постапка, при што поминаа повеќе од три години зад решетки.