Оној, кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи, нему мораме да му ја отвориме вратата на ЕУ, тоа е духот на европскиот проект, рече денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на прес-конференцијата со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Тој вели дека никој во Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија.
Нагласи дека посакувал неговата посета да се одржи во подобри околности, но нагласи дека мора да се гледа напред кон иднината. Додаде дека не биле задоволни од одлуката на Советот, но напомена дека не се откажуваат.
Димитров рече дека оваа посета е јасна порака дека Северна Македонија ја има поддршката од Германија. Тојги оцени како извонредни билатералните односи со Германија и политичките и економските и нагласи дека ова година трговската размена со земјата ќе достигне над четири милијарди евра.