Најмалку седум луѓе загинале, а многумина се повредени кога експлодирала автомобил-бомба во Кабул, за време на утринскиот сообраќаен метеж. Автомобил-бомбата експлодирала во близина на авганистанското Министерство за внатрешни работи во Кабул, соопштија властите.
Засега ниедна група не презеде одговорност за нападот
Полициските власти соопштија дека сите загинати биле цивили и велат дека е можно бројот на жртви да се зголеми, оти засега имаат само првични информации.