Премиерот на Војводина, Игор Мировиќ, денеска во касарната во Нови Сад откри спомен плоча на командантот на поранешната југословенска национална армија, Младен Братиќ, кој го командуваше нападот врз Вуковар. Спомен-плочата беше поставена на церемонијата по повод Денот на Првата армиска бригада.
На ова реагираше хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања кое денеска испрати дипломатска нота до Амбасадата на Србија во Загреб, изразувајќи најострен протест.
Во протестна нота, Хрватска го осуди овој чин и го повтори своето очекување "Србија и нејзините институции да ја отфрлат политика на релативизација и на прославување на злосторствата“, се вели во соопштението.