Судот на ООН има надлежност за жалбите на Украина против Русија

Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Меѓународниот суд на правдата донесе пресуда дека има надлежност да ја сослуша жалбата на Киев за финансирање тероризам за активностите на Москва во источна Украина. Пресудата денеска беше прочитана во судот во Хаг од претседателот на судот Абдулбави Јусуф.

Киев тврди дека Москва го прекршила договор за финансирање на тероризам со вооружувањето и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина од 2014 година. Киев исто така обвини дека властите инсталирани од Русија ги потиснуваат правата на етничките Татари и другите малцинства откао Русија го анектираше Кримскиот полуостров во 2014 година.

Случајот отвора нов правен фронт во затегнатите односи меѓу Русија и Украина и може да трае со години.