Хемикалија се излеа во "Охис"

.

Во кругот на Охис денеска дошло до излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатршни работи вршат увид во кругот на Охис.

Инспекторатот постапил по дојава од жители кои утрово почувствувале миризба во околината на фабриката.

"При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината", изјави инспектор кој е на терен.

Истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.