Ердоган:Турција нема да ја напушти Сирија додека другите земји не се повлечат

Претседателот на Турција Таип Ердоган

Турција нема да ја напушти Сирија се додека другите земји не се повлечат, изјави денеска претседателот Таип Ердоган и дополни дека Анкара ќе ја продолжи својата прекугранична офанзива против курдските борци сè додека тие не го напуштат регионот.

Тој ова го кажа пред новинарите по неговиот пристигнување со авион од патувањето во Унгарија.
„Ние нема да се откажеме сè додека и последниот терорист не го напушти регионот“, рече Ердоган.

Турција во североисточна Сирија од минатиот месец, започна дејствија за да ги истисне курдските борци од границата и таму да воспостави „безбедна зона“, каде има цел да насели околу 2 милиони сириски бегалци.