Поголеми плати за просветарите со стартот на 2020

Претседателот на СОНК Јаким Неделков

Од јануари 2020 ќе се зголемат платите за основно, средно и високо образование за 10 отсто, рече денеска министерот за образование Арбер Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Двете страни преговараа за зголемување на платите, СОНК бараше тоа да стартува со почетокот на годината, а Владата предлагаше од април.

„Ќе се врати дигнитетот на наставничката професија и ќе се создаде сатисфакција во образованието“, рече министерот Арбер Адеми. Тој вели дека ќе продолжат да работат на подобрување на статусот на наставниците и условите во кои работат.

Имаме покачување над 21 проценти на платите во образование за мандатот на оваа влада, рече Адеми.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека по долгото преговарање нивното барање е прифатено, но дека има и други прашања за кои треба да се преговара.