Ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде од шест до 12, а дневната од 11 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 17 степени.