Ердоган тврди дека ја уапсиле сопругата на Багдади

Убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган тврди дека ја заробиле сопруга на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади. Нејзиното апсење доаѓа на десетина дека откако беше објавено дека Багдади се самоубил за време на воената акција против него од страна на специјалните единици на САД.

Ердоган вели дека ја уапсиле сопругата на Багдади, но дека не прават врева од тоа, како што тоа го прават САД во случајот за Багдади. Претходно се уапсени и сестрата на Багдади, нејзиниот сопруг и нивната ќерка.