Сведок за Ласкарци - Полоша слика не сум видел

Автобусот на Дурмо-турс

Со сослушување на сведоци и повредени во автобуската несреќа кај Ласкарци продолжи денешното судење. Сведочеше човек од селото кој прв дошол на месото на несреќата да помогне. Сведокот Музафер Зибери рече дека полоша слика никогаш не видел.

„Имаше многу мртви и заглавени под автобусот што не можеме да ги извадиме, изјави тој.

Во несреќа што се случи на 13 февруари годинава животот го загубија 16, а 37 луѓе беа потешко повредени.

Зибери со своето возило однел тројца во болница, меѓу нив и возачот на автобусот.

„Возачот на автобусот ништо не збореше по пат. Се губеше. Само ме удираше по нога, изгледа да возам полека. Девојчињата позади викаа од болка и цело време им кажував дека брзо ќе стигнеме во болница“, изјави сведокот.

Сведочеше и повредена во несреќата, која рече дека разговарала на телефон кога се случила несреќата, не приметила ништо невообичаено, а по ударот во заштитната ограда не се сеќава на ништо.

За автобуската несреќа обвинети се шест луѓе.