Русија ги оценува последиците од македонското членство во НАТО

Процесот на проширување на НАТО ја поткопува довербата и стабилноста на европскиот континент и води кон засилена конфронтација, вели директорот на Четвртиот европски оддел при руското Министерство за надворешни работи, Јуриј Филипсон. Тој во интервју за РИА Новости вели дека позицијата на Русија во однос на проширувањето на НАТО е добро позната и дека влегувањето на новите членки во НАТО, вклучително и Северна Македонија, го гледаат од тој агол.

Филипсон нагласува дека не станува збор „за воена закана што Македонците може да ја претставуваат за Русија“, туку за „комбинација на ризици по европската безбедност, што мора да бидат надминати со различни методи, наместо со вклучување на земјата во антируската политика и военото планирање на НАТО“.