Загриженост за последните чекори на Иран за нуклеарната програма

Новите центрифиги за збогатување ураниум.

ЕУ изрази загриженост од последните чекори на Иран во врска со договорот за нуклеарната програма склучен во 2015. Со тоа се става договорот во опасност, соопштија денеска од Европската комисија.

„Загрижени сме од најавата на претседателот Хасан Рохани да се намали натамошната посветеност на Иран на договорот“, рече портпаролката Маја Кочијанцич.

ЕУ повикува Иран да се врати на своите обврски од договорот.

Француските власти соопштија дека остануваат на договорот за нуклеарна програма потпишан меѓу Иран и светските сили и бараат и Техеран да се придржува до своите обврски.

Кремљ со загриженост го следи развојот на ситуацијата, соопшти денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние го поддржуваме зачувувањето на овој договор“, рече Дмитриј Песков денеска пред новинарите. Тој додаде дека Русија ја разбира загриженоста на Иран во врска со „невидените и нелегални санкции“ против земјата.

Претседателот Хасан Рохани денеска рече дека Иран од утре ќе започне со вбризгување на ураниумов гас во 1.044 центрифуги.

Според договорот, центрифугите треба да работат без вбризгување на ураниумов гас.