Нема официјална потврда за средба Пендаровски - Макрон

Претседателот Стево Пендаровски

Од Кабинетот на Претседателот на државата се уште немаат официјална потврда за средба на претседателот Стево Пендаровски со францускиот претседател Емануле Макрон. Претседателот Пендаровски следната недела ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум на кој ќе биде и францускиот претседател Емануел Макрон.

Пендаровски вчера во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

Пендаровски во Париз ќе престојува на 11,12 и 13 ноември, а на Форумот, на кој се очекуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, обраќање ќе има на 12 ноември.