Романскиот Парламент изгласа доверба на Владата

Лудовик Орбан

Романскиот Парламент изгласа доверба на централно-десничарската Влада на премиерот Лудовик Орбан. За доверба на новата Влада гласале 240 пратеници или 7 повеќе од потребниот минимум за смена на владата во заминување на социјалистичкиот кабинет на Виорица Данчила.

Орбан најави мерки како намалување на владината бирократија, инвестиции во инфраструктурата, економски мерки и обезбедување на независен правосуден систем.