Фајон: Недоделувањето датум беше одлука на Франција, а не на ЕУ

Копретседавачот на парламентарната комисија за стабилизација и придруживање ЕУ-Србија во ЕП, Тања Фајон

Одлуката за недоделување датум за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија е погрешна. Не можам да кажам дека тоа беше одлука на ЕУ, тоа беше одлука на една земја, Франција, која од внатрешни
политички причини го блокираше приближувањето на Северна Македонија и Албанија, рече копретседавачот на парламентарната комисија за стабилизација и придруживање ЕУ-Србија во ЕП, Тања Фајон, во интервју за белградската ТВ Н1.

„Ние сме пријатели, бараме процесот да продолжи. Франција и другите земји кои ќе го блокираат таквото проширување ќе бидат одговорни за стабилноста на регионот, кога, од друга страна, имаме земји кои се подготвени да преземат некој дополнителен чекор“, истакна
Фајон, потсетувајќи дека ЕП минатата недела даде јасна порака дека го поддржува проширувањето на ЕУ за сите земји од Западен Балкан.