На грчкиот остров Самос ќе се гради нов прифатен центар за бегалци

Мигрант стои пред својот шатор во прифатниот центар за беглаци на грчкиот остров Самос

На грчкиот остров Самос ќе се гради нов прифатен центар за бегалци и мигранти, оти во постоечкиот кој е наменет за 648 луѓе, според официјалните податоци, сега престојуваат 5999 бегалци и мигранти.

Грчките власти велат дека ситуацијата на Самос е многу тешка, оти има околу десет пати повеќе население во центарот за прием и идентификација од она што по правило би требало да има. Затоа властите велат дека ќе треба да се гради друг центар за да може и условите на мигрантите и условите на тамошните жители да бидат похумани.

Планирано е утре грчкиот Парламент да гласа за новиот закон за процедурите за доделување азил. Меѓународни организации за човекови права реагираа на нацрт законот, велејќи дека обид да се блокира пристапот до заштита и да се зголеми бројот на депортации поради зголемениот број пристигнувања на мигранти.