Опструкции и процедурални надмудрувања

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Веднаш по завршувањето на повеќе од едночасовното обраќање на министерот Никола Димитров пред Собраниската комисија за надвореши прашања, пратеникот Артан Груби од ДУИ влезе во салата и побара пауза за да може да се изготви стенограм за да може да продолжи да ја следи седницата. Претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски го одби ова негово барање, по што настанаа тензии меѓу него и Груби, а пратениците од опозицијата сметаат дека се работи за стратегија за одолговлекување на владејачкото мнозинство за да се заштити министерот Димитров од „непријатните“ прашања на опозицијата.