Верушевски бара отштета од државата од 70 илјади евра

Зоран Верушевски пред Суд

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во граѓанска тужба бара оштета од државата за, како што вели, неоснованите притвори за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје.

Во Основниот суд Скопје 2 Верушевски изјави дека мотивот за тужбата е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметнала државата, пренесуваат дел од медиумите.

Тој од државата бара отштета во вредност од 70 илјади евра за 11-те месеци поминати во притвор.

Судот својата одлука ќе ја соопшти на 4 ноември.