Пендаровски: Патот е членството во ЕУ, нема алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски

Нема алтернатива за членството во Европска унија и земјите од Западен Балкан треба да одржат Самит на кој ќе се отфрлат идеите за алтернативи за евроинтеграцијата, порача вчера од Тирана претседателот Стево Пендаровски.

Тој рече дека вчерашната средба со албанскиот колега Илир Мета се одвива во вонредни услови откако пред една недела двете земји не ги почнаа пореговорите со ЕУ и нагласи дека и покрај тоа „единствен пат е членството во ЕУ, а секоја друга идеја е неприфатлива“.

Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат вонрден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.