Руски војник убил 8 колеги во воената база во Сибир

Илустрација, архивска фотографија

Руски војник убил осум воени лица и ранил уште двајца во воена база во Сибир, соопшти Министерство за одбрана. Министерството денеска соопшти дека војникот започнал да пука кон неговите колеги кога се менувала смената. Според министерството, војникот можеби имал нервен слом кога започнало пукањето. Делегација од министерството, предводена од заменик министерот за одбрана се упатила кон базата, за да го испитаат инцидентот.