Швајцарското обвинителство поднесе обвинение против двајца луѓе обвинети дека регрутирале луѓе за Исламската држава, пренесува Асошиејтед прес.
Обвинителството денеска соопшти дека тие се обвинети за поддршка и учество во ИСИС. Двајцата живеат во североисточна Швајцарија, но нивните имиња не беа соопштени.
Првоосомничениот има швајцарско и италијанско државјанство и наводно патувал на територијата под контрола на ИСИС во Швајцарија, а на враќање регрутирал неколку луѓе за организацијата. Другиот обвинет, кој имал државјанство на Швајцарија и Македонија, се обидел да стигне до Сирија преку Македонија, но полицијата го спречила. Тој наводно регрутирал еден човек за Исламската држава. Двајцата се обвинети и за ширење исламистичка пропаганда. Случајот против првоосомничениот беше отворен во 2015 година, но потоа се прошири и со вториот осомничен.