Кина бара строга казна за виновниците за смртта на 39 жртви најдени во камион

Кинеските власти побараа од Велика Британија строга казна за виновните за смртта на 39 кинески државјани најдени во камион во близина на Лондон. Полицијата засега го сомничени возачот на камионот за убиство, но се уште нема обвинение против него. Се води истрага за тоа како починале и кој бил вмешан во трговијата со луѓе.

Осум од жртвите се жени, останатите се мажи. Британските власти велат дека процесoт на идентификација ќе потрае некое време, додека завршат со обдукции за да се утврди како точно починале.

Од кинеската амбасада во Лондон соопштија дека испратила тим на местото каде се пронајдени телата.